Search
Close this search box.

Покана до медиуми

Утре, среда, 06 мај 2015, во 11 часот, во рамки на одележувањето на патронатот на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на “Мобилност Македонија” Бранимир Јовановски, ќе го отворат новоизграденото игралиште за деца со посебни потреби во населба Кисела Вода.

 

Истото е лоцирано во близина на крстосницата помеѓу ул. “Михаил Чаков” и бул.”Борис Трајковски” ( веднаш до маркетот “Тинекс”).  По свеченото отворање на игралиштето, ќе се одржи цветно дефиле на дечињата од основните училишта, предводено од градскиот пајтон и вовче, кое ќе започне пред ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, ќе се одвива  по ул. ,,Народни херои,, до крстосницата со булеварот ,,Борис Трајковски и ќе финализира со културно-уметничка програма во паркот ,, Шопен” од страна на учесниците во дефилето.

Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.

Споделете:

Scroll to Top