Search
Close this search box.

Поликлиника Драчево доби РТГ Кабинет

Од денес, во поликлиниката Драчево почнува со работа РТГ кабинет. Во употреба денес го пуштија градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ заедно со директорот на ЈЗУ “Здравствен Дом Скопје” др.спец.Татјана Баевска Вучковиќ .

 

-Следејќи ги потребите на граѓаните и залагањето за доближување на здравствените услуги спрема место на живеење, беа превземени активности за подготовка на простор, опрема и кадар за отворање на РТГ кабинет во Поликлиника Драчево. Во рамките на активностите на кабинетот ке се врши РТГ снимања на сите органи и скелет и ЕХО дијагностика на стомачни органи. Кабинетот ќе работи секој работен ден во прва смена, а услугите ќе се извршуваат преку Мој Термин. Кабинетот е опремен со комплетно сервисиран постоечки апарат од друга служба во институцијата-изјави директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје др.спец.Татјана Баевска Вучковиќ.

Денешниов настан е уште една убава вест за жителите на општина Кисела Вода, односно за сите 60 000 корисници на здравствените услуги на поликлиниката Драчево.  Почетокот на работата на рендген кабинет во рамките на овој здравствен објект ќе им овозможи на сите пациенти од овој дел на градот  кои имаат потреба од ваква услуга,  да ја добијат побрзо и поблиску до своето место на живеење.  За вработените во установата, пак, современо опремените специјалистички кабинети, значат подобри работни услови , од што, повторно, добиваат пациентите-потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

Инаку, во изминатите две години, во поликлиниката Драчево беа отворени Кабинет по Интерна Медицина, Кабинет за Оториноларингологија, по добивање на нов софистициран биохемиски анализатор од Министерство за здравство, пациентите добиваат комплетни биохемиски услуги, а од декември 2012г, отворен e и пункт на Итната Медицинска Помош.

Со отварање на РТГ кабинетот постигнуваме комплетни базични услуги на секундарно- специјалистичко-консултативно ниво, како и намалено време на чекање за услугите кои досега граѓаните ги добиваа во поликлиника “Јане Сандански”-појасни Баевска Вучковиќ.

Општина Кисела Вода и понатаму ќе продолжи да соработува со ЈЗУ “Здравствен дом-Скопје” и да се залага за воведувањето на нови специјалистички услуги, бидејќи сметаме дека здравството мора да биде достапно за секого. Заедничката ангажираност на сите институции , каков што е денешниот пример,  ќе ги даде очекуваните резултати-истакна Беличанец-Алексиќ.

Споделете:

Scroll to Top