Search
Close this search box.

Посети на месните и урбани заедници во Кисела Вода

Нов циклус посети на месните и урбаните заедници во општина Кисела Вода, започнува градоначалникот на општина Кисела Вода, претседателот на Советот и раководителите на сите сектори во општината. На овие средби, тие, директно од жителите ќе можат да ги слушнат проблемите кои се под ингеренции на локалната самоуправа, како би можело навремено да се интервенира за нивно решавање, а воедно ќе може и да се дискутира околу идеите и предлозите што граѓаните ги имаат во врска со подобрување на условите во кои живеат.

 

Распоредот на првите посети е следниот:

14.11.2015 (понеделник)

МЗ Потстаница 18 часот;

УЗ Населба Драчево 19 часот;

МЗ Село Драчево 20 часот.

15.11.2015 (вторник)

МЗ Пинтија 18 часот;

МЗ Стаклара-Каменик 19 часот;

МЗ Усје 20 часот.

Споделете:

Scroll to Top