Search
Close this search box.

Поставен камен темелник на градинка во Пинтија, во знак на 60 години постоење на општина Кисела Вода

Со поставување на камен темелник на детска градинка во населбата Пинтија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со Претседателот на Советот Трајче Донев, општина Кисела Вода продолжи со денешното одбележување на својот 60-годишен јубилеј.

 -Општина Кисела Вода, како локална самоуправа одлучи денешниот јубилеј-60 години постоење да го одбележи со еден ваков свечен чин, со удирање камен темелник на детска градинка во населба Пинтија, што е одговор на едно големо барање на жителите од овој дел на градот. Објектот кој ќе се издигне на ова место, ќе се протега на 480 квадратни метри, ќе има капацитет за 80 до 90 дечиња дечиња, распоредени во три групи од 2 до 6 години и јасли. А ним ќе им бидат понудени најсовремени услови.Онака како што ветивме, ветувањето го остваруваме.

Градбата на  градинката која ќе функционира во населбата Пинтија, е целосна инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од 19 500 000 денари.

Согласно предвидената динамика на градба се надеваме дека за време на новогодишните празници, свечено ќе ја отвориме. Ќе спомнам дека овој настан е само еден од низата со кои го одбележуваме денешниот славенички ден-изјави градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

 

 

Честитајќи и го роденденот на оваа општина, Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, потенцираше дека ова е прекрасен начин како да се одбележи овој јубилеј, како инвестиција во идните генерации на Република Македонија.

 

-Општина Кисела Вода, на чело со градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ покажа дека е вистински пример како треба да се работи во насока за зголемување на постоечките капацитети за згрижување на деца од предучилишна возраст. Денес започнува да се реализира овој проект кој  треба да финализира до крајот на оваа година. Во најголемиот дел, тој е инвестиција на општина Кисела Вода, која целосно ќе го изгради овој објект, а ние како Министерство за труд и социјална политика дадовме поддршка во целосно опремување на новиот објект, во износ до 4 милиони денари-за опремувањето. Во изминатиот период преку низа инвестициски активности покажавме дека наш приоритет е континуираното зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст и континуираното отворање на нови објекти. За период од околу 2,5 години отворени се преку 30 нови објекти во различни општини ширум Република Македонија, и со исто темпо продолжуваме и во нередниот временски период , со инвестиции во повеќе од 10 општини. Сосема завршени и спремни за отворање се новите градинки во општините Карбинци и Босилово, во заршна фаза се градинките во Чешиново Облешево, Липково, во Сарај, во Гостивар, планираме да започнеме со инвестициски активности во повеќе скопски општини Аеродром, Горно Лисиче, Ѓорче Петров, во Бутел, се разбира, во соработка со единиците за локална самоуправа-истакна Министерот Спасов, додавајќи дека ќе продолжат заложбите на Владата, преку ова Министерство за континуирано зголемување на бројот на нови објекти, изградба на нови објекти и нивно опремување или адаптација на постоечки објекти, со цел ставање во функција на детски градинки и унапредување на условите за децата од предучилишна возраст.

 

 Одбележувањето на 60тиот роденден на општина Кисела Вода продолжува со уште многу други активности во текот на денешниот ден. Веќе беа доделени награди на најуспешните основци од општината, промовирани беа и новите општински симболи, се одржа свечената седница на Советот на која беа доделени благодарници за соработниците на општината и за поранешните претседатели на Советот, а попладнево во паркот Шопен од 17 часот, се одржуваат хуманитарна коријада и концерт на Здружението на пензионери од општина Кисела Вода, додека од 20 часот, во паркот на бранителите во Драчево, ќе се одржи концерт на КУД Китка, а ќе настапи и Сузана Спасовска. 

Споделете:

Scroll to Top