Search
Close this search box.

Претседателот Трајче Донев го одржа првиот состанок на претседатели на совети при ЗЕЛС

Новоизбраниот претседател на комитетот на совети при ЗЕЛС и актуелен претседател на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев денес, во просториите на општина Кисела Вода го одржа првиот состанок со претседателите на советите од скопските општини.

 По поздравното обраќање,  присутните, преку размена на искуства, се фокусираа на решавање на тековни проблеми во скопскиот регион. Беше иницирана промена на деловникот, при што беше договорено секој претседател да достави забелешка за измена. Комитетот ќе покрене и иницијатива за промена на статутот, со која тројца членови ќе имаат право на глас.

Претседателот на комитетот на совети при ЗЕЛС, Трајче Донев го заокружи состанокот со најава дека наредните состаноци планира да ги одржува во сите општини од скопскиот регион и во друите градови низ државата и потенцираше дека се надева на конструктивно учество и плодотворна соработка од сите претседатели на советите на општините, од поединечните региони.

 

Споделете:

Scroll to Top