Search
Close this search box.

Програми за управување со отпад на правни и физички лица

Унапредувањето на знаењето и информираноста на физичките и правните лица може  да осигура одржливи решенија за намалување и правилно постапување со отпадот.

Создавачите на отпад се должни, во најголема можна мера, да го избегнат создавањето на отпад и да ги намалат штетните влијанија на отпадот врз животната средина, животот и здравјето на луѓето.

При преземањето на одредени дејности и активности во врска со управувањето со отпадот, правните и физичките лица се должни да обезбедат висок степен на заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето. Правните и физичките лица кои преземаат одредени активности во процесот на производството, се должни да употребуваат суровини со чија преработка се создава помалку отпад, да применуваат технологии кои обезбедуваат почисто производство и кои ги штедат природните ресурси, односно да произведуваат производи коишто, при нивното производство и употреба, не ја загадуваат животната средина или загадувањето да го сведат на најмала можна мера, во согласност со начелата за одржлив развој.

При преработката и отстранувањето на отпадот мора да се користат најдобрите достапни техники и технологии.

Реализацијата на Планот на Република Македонија за управување со отпадот се спроведува преку програми за управување со отпадот кои треба да бидат изготвени и донесени од страна на секое правно односно физичко лице кое во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создава повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад. Правните и физички лица се должни програмите да ги доставуваат до градоначалниците на општините и градот Скопје и до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина најдоцна во месец септември во тековната година за наредната година.

Програмата за управување со отпад треба да  содржи:

  • постојно ниво на создавање на отпад, по видови, количини и извори на создавање и предвидување на видот и на количеството отпад што се создава во наредната година;
  • постојни и планирани технички, организациони и други мерки за избегнување и за намалување на создавањето на отпад и намалување на штетноста на отпадот;
  • податоци за постојни и планирани организационо-техничките капацитети;
  • постојни и планирани технички, организациони и други мерки (вклучувајќи и инвестициони зафати) за постапување со отпадот (селектирање, третман, преработка искористување на енергијата, складирање и отстранување);
  • рокови за реализација на одделни барања од планот за управување со отпад и рокови за реализации на одделни фази од планот;
  • временска рамка за спроведување на стандардите кои се однесуваат на составот и изработката на одделни производи и пакувања и нивната соодветност за повторна употреба или преработка вклучително и рециклирањето;
  • мерки за заштита од штетното влијание на отпадот по животната средина, животот и здравјето на луѓето;
  • Воведување на меѓународни системи за заштита на животната средина. (ISO 14000 и други);
  • планирани активности за едукација и за обука на кадарот што управува со отпадот и
  • други мерки што се од значење за реализација на програмата

Споделете:

Scroll to Top