Во рамки на програмата Меѓуетничка интеграција во образованието , денес, во ОУ„Св. Климент Охридски“ во село Драчево беше реализирана работилница за ученици од шесто одделение од двете партнерски училишта -12 ученика од ОУ „Св. Климент Охридски“ и 10 ученика од ОУ „Наим Фрашери“ с. Студеничани- подрачното училиште во Морани“.
Тема на работилницата беше “Нашата азбука”, при што учениците беа поделени во три мешани групи. Првата ја пишуваше македонската азбука, втората албанската азбука, додека третата го изработуваше државното знаме во колаж техника.
Активностите кои се изведуваа заедно со вработените и родителите на учениците од двете училишта, продолжија со уредување на пано во холот на училиштето со изработките на учениците, а беше засадено и ,,дрво на пријателството”.
Следната средба ќе се реализира во училиштето во Морани во второто полугодие.