Search
Close this search box.

Работна средба помеѓу градоначалниците на Општина Кисела Вода и Општина Изгрев – Софија

На ден 23.01.2018 година во Софија се оствари работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и градоначалникот на Општина Изгрев Софија, Република Бугарија, Цветомир Жеков.

Средбата беше иницирана од амбасадата на Република Македонија во Република Бугарија. Покрај градоначалниците на средбата присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев, како и претставници од двете општини.

На средбата се разговараше за идна меѓусебна соработка и взаемна поддршка за развој во полето на културата, спортот, инвестициите како и за европски проекти.

Градоначалникот Филип Темелковски го покани градоначалникот Цветомир Жеков на официјална средба во Општина Кисела Вода во месец април.

 

 

Споделете:

Scroll to Top