Search
Close this search box.

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода го победија „Пелистер“

Ракометарките на „Спартак“ од Кисела Вода успеаа да го победат осминафиналистот од Челинџ купот, Пелистер, со резултат 24:22.

За клубот од Кисела Вода кој беше во предност од почетокот на натпреварот, играа и постигнаа погодоци: Сандева, Јовановска, Андонова, Николовска 7, Андова 3, Велкова 3, Младеновска, Стефановска 2, Трајковска 2, Ангеловска, Србиновска 3, Арсовска, Цветановска, Иванова 4 и Самарџиска. 

На натпреварот кој се одигра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода правдата ја делеа Адриана Здравковска и Сања Божиновска, додека делегат беше Мамер Реџепи.

Споделете:

Scroll to Top