Познатиот македонски ракометар Филип Миркуловски на учениците од четврто одделение од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населбата Драчево им одржа онлајн едукативно предавање.
Миркуловски на децата им зборуваше за неговите почетоци во ракометот, им кажа што треба да прават за да ги постигнат неговите спортски успеси. Тој нагласи зошто е важно да се спортува, а им одговори и на сите прашања поврзани со спортот.
На крајот од часот, ракометарот Филип Миркуловски на учениците им вети дека по завршувањето на пандемијата во нивното училиште заедно ќе одржат час по физичко и здравствено образование, а додаде и дека нема да заборави да ги покани на некои од натпреварите на македонската ракометна репрезентација.