Усје, нека е аирлија, порача денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски по увидот направен во градежните активности во оваа месна заедница, каде во завршна фаза е обновата на улиците.
Дел од нив Општина Кисела Вода ги асфалтира, дел ги поплочува со павер елементи. За само неколку дена, ликот и на овој дел од општината ќе биде променет и усјани ќе добијат инфраструктурно решение кое ќе им ги подобри условите за живеење.
-Никој повеќе нема да ги дискриминира моите сограѓани усјани, конечно го добиваат она што години наназад им беше ветувано, но за жал нереализирано. Сѐ до денес. Со силно темпо работиме на сите позиции, дел од улиците добиваат асфалт, дел бекатон. За некој ден Усје ќе биде непрепознатливо, со комплетно нови улици, со модерен лик и поквалитетен живот во оваа некогаш заборавена населба.
Впрочем, усјани го добиваат она што го заслужуваат!
И тука не застануваме, ништо нема да ме спречи во намерата да ја развиеме и унапредиме Кисела Вода.
Заедно со мојот горд народ кој ми ја даде поддршката, ќе направиме уште поголеми работи кои ќе останат да сведочат и да бидат белег на новата иднина во нашата општина.
Креираме иднина, заедно-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.