Search
Close this search box.

Руинираното кино во село Драчево ќе прерасне во Дом на културата

Руиниранотo кино во селото Драчево ќе добие сосема нов лик. Во тек е неговата реконструкција.

 

По завршувањето на градежно и градежно-занаетските работи, новиот дом на културата ќе нуди многубројни содржини. На приземјето кое се протега на 690 квадрати и катот со површина од 460 квадратни метри ќе функционира повеќенаменска сала со бина и техничка просторија, гардероби, канцеларии за месна заедница, канцеларија за матичар, сала за венчавки и архива, снек бар, тоалети… Во рамките на дворот е предвидена изведба на летна сцена со трибини и партерно уредување.

Проектот се работи со финансиска поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку мерката 321, подобрување на квалитетот на животот во рурални средини, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година за кој општина Кисела Вода аплицираше преку секторот за локален економски развој.

Неговата реализација ќе овозможи жителите на селото Драчево на местото на руинираниот објект изграден во далечната 1946 година, да добијат современ простор за културно дружење и забава. Со реконструкцијата, овој објејкт ќе прерасне во Дом на култура.

Споделете:

Scroll to Top