Search
Close this search box.

Само јавната чешма во село Драчево со небезбедна вода за пиење

Пристигнаа резултатите од испитувањата на Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата. Сите, освен еден од проверените постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општина Кисела Вода, имат безбедна вода за пиење.

На селската чешма во селото Драчево, која е единствена која не ги задоволи критериумите за бактериолошка исправност, е поставена табла со указ за небезбедност на водата за пиење. Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење.

 

Споделете:

Scroll to Top