Со подобрување на временските услови стартуваше градежната сезона во општина Кисела Вода, во поглед на санација на улици и крпење на ударни дупки, согласно програмата за 2014 година.
Во моментот, екипи на изведувачот на градежните работи “БАУЕР БГ ДОО” Скопје работат на машинско крпење на ударни дупки на дел од ул„Пржино“ лоцирана во истоимената урбана заедница. Оттука и препораката до граѓаните, поради изведувањето на градежни активности, доколку се во можност, во наредните денови да ја избегнуваат оваа улица за сообраќај.
Во текот на наредниот период се планира санација и крпење на ударни дупки и во другите урбани и месни заедници на територијата на oпштина Кисела Вода, по претходно детектирање на проблемите од страна на општинските служби, како и по пријава од граѓани кои ја искористиле апликацијата „Види, пријави, поправи“.