Search
Close this search box.

Свечена литургија во црквата во Црниче по повод празникот Св. Петка

Со свечена литургија со која чиноначалствуваше неговото блаженство г.г. Стефан денеска се одбележа празникот Св. Петка, која е заштитник на светиот храм во населбата Црниче. Жителите на општина Кисела Вода од раните утрински часови масовно се собраа во црквата Св. Петка на богослужба за да го одбележат празникот на оваа светица која го посветила и дала животот за Христос.

 

Црквата  на ова место е изградена по иницијатива на месното население во 1903. Жителите на Црниче, копајќи, наишле на закопана икона на Св. Петка и врз основа на тоа, побарале дозвола за изградба на црква од тогашната турска власт. Најпрво во 1908 била изградена помала црква, а темелите на сегашниот свет храм  се осветени во 1911 година. Првобитната црква била изградена во вид на ротонда. Осветена била во 1924 година. Подоцна била проширувана, а по земјотресот во 1963 година бил направен параклисот на Св. Константин и Елена. Во дворот биле изградени административни простории со библиотека. Камбанаријата била изградена во 1966 година.

Со желби за духовен мир и спокојство, Општина Кисела Вода им го честита празникот на сите православни христијани кои денес го одбележуваат овој празник.

Споделете:

Scroll to Top