Search
Close this search box.

Селекција на отпад

Имајќи ги предвид светските искуства, организациско–техничките барања, економската оправданост, спецификите на урбано живеење итн. како најефикасен модел за примарна селекција на комуналниот отпад се наметнува неговото раздвојување на сува фракција (преовладува отпадот од пакување) и влажна фракција (преовладува биоразградливиот отпад).

Поделбата на сув и на влажен комунален отпад кореспондира со европските искуства, но и со нашата законска регулатива.

Во услови кога се понагласено се зборува за проблемот со отпадот и загадувањето, процентот на селекција на сувата фракција од отпад е многу мал односно за 2018год. 24% (25.000 тони отпад од пакување) беа селектирани и рециклирани.  

Согласно националните цели, во 2020 година во Македонија треба да се селектира и рециклира 60% од отпадот од пакување, односно над 65.000 тони годишно хартија, пластика, стакло, лименки и дрво.

За постигнување на овие цели потребна е поголема соработка меѓу колективните постапувачи, јавните претпријатија и комунална хигиена како и подигање на јавната свест на граѓаните за селекција на отпадот.

Споделете:

Scroll to Top