Search
Close this search box.

Се уредува сензорна соба во ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода

Активности за уредување на сензорна соба за учениците со посебни потреби од ООУ„Кирил Пејчиновиќ“- Кисела Вода, се одвиваат во ова училиште како резултат на соработката со Ротари Клуб Скопје – Кирил и Методиј.

Се работи етапно. Денес беа сменети прозорците во просторијата, а во периодот што следува ќе се промени и електричната инсталација, осветлувањето кое преку визуелни ефекти ќе биде прилагодено според потребите на инклузираните деца.

Ова не се единствените чекори кои се преземаат за подобрување на условите за децата со посебни потреби кои се вклучени во редовната настава во ООУ„Кирил Пејчиновиќ“. Претходно, училиштето доби донација од страна на Lions клуб international – Скопје, со што беше обезбеден дидактички материјал за потребите на инклузираните  ученици во редовната настава. Грижата за овие ученици и работата на унапредување на  процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби продолжува и понатаму, како еден од чекорите кои треба да им овозможат подобра социјализација на овие ученици  во училишната, но и во целокупната општествена средина.

Споделете:

Scroll to Top