Search
Close this search box.

Симулациска евакуација во „Круме Кепески“: Превенција преку едукација и практика

Во основното училиште „Круме Кепески“ денес се одржа симулациска вежба за евакуација и постапување во случај на елементарни непогоди и вонредни ситуации. Вежбата се реализираше во соработка со Премиум Сејфти Солушн и Црвениот Крст и претставува дел од редовните активности кои општина Кисела Вода ги спроведува во сите образовни установи со цел унапредување на безбедносната култура кај учениците и вработените.Целта на ваквите симулациски вежби е навремено подигнување на свеста и подготвеноста за справување со потенцијални ризици, преку практична обука и запознавање со процедурите за евакуација и заштита. Учениците и персоналот имаа можност да поминат низ целосна симулација на евакуација од објектот, при што беа водени од стручни лица.- Симулациските вежби се исклучително важен инструмент за  учениците, бидејќи преку нив тие учат како да реагираат брзо, смирено и организирано – вештини кои може да спасат животи. Нашата заложба е секое дете, секој наставник и секој родител да биде сигурен дека престојот во училиштето е безбеден. Затоа, покрај редовните симулациски вежби што ги спроведуваме во сите основни училишта, во изминатиот период спроведовме и вонредни контроли на сите образовни и предучилишни установи, со фокус на исправноста на противпожарните уреди, достапноста на противпожарната опрема, како и ажурирањето на евакуационите планови. Утврдено е дека безбедноста не е нарушена и граѓаните можат да бидат мирни – системот функционира. Продолжуваме со редовна едукација, контроли и вложувања во безбедносната инфраструктура, затоа што вложувањето во безбедноста е вложување во иднината на нашите деца-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој изрази благодарност до Премиум Сејфти Солушн и Црвениот Крст за професионалната соработка и најави дека во наредниот период ќе се продолжи со ист тип на активности и во останатите училишта, со цел секое училиште да има подготвен и обучен кадар и ученици за постапување во кризни ситуации.

Споделете: