Search
Close this search box.

„Скопје се сеќава“

Општина Кисела Вода по трет пат го организира „Мултимедијален ликовно-музички хепенинг на отоворен простор“, на тема „Скопје се сеќава“, по повод 50 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Хепенингот се одржа, денес во паркот ,,Македонија“ во Општината, со почеток во 11.00 часот.

Активно учество во Мултимедијалниот ликовно-музички хепенинг земаа учениците од основните училишта ПОУ „Златан Сремец“, „Димитар Влахов“, „Кузман Шапкарев“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Партение Зографски“, „Рајко Жинзифов“, „Круме Кепески“ и „Невена Георгиева-Дуња“.
Учениците сликаа, читаа поезија, пееа и играа на темата „Скопје се сеќава“, со што уште еднаш присутните се потсетија на големата трагедија од 26.07.1963 година, но и големата сплотеност и единство на жителите на градот, за полесно и побрзо да ја пребродат кризата и да изгрдат поубаво и посовремено Скопје.

Споделете:

Scroll to Top