На Осумнаесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа денес, 25 декември 2018 година беа усвоени следните точки.
-Усвојување на Записникот од 14-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 15-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 16-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 17-та пленарна седница
1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2018 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
2.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2019 година;
3.Предлог-Програма (J) – комунални дејности на Општина Кисела Вода za 2019 година;
4.Предлог-Програма Г10 – за локален економски развој со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода за 2019 година;
5.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода за 2019 година;
6.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2019 година;
7.Предлог-Програма од надлежност В -Предучилишно воспитување
и Програма ВА – Предучилишно воспитување за 2019 година;
8.Предлог-Програма (Н1) основно образование и Програма (НА) основно образование – капитални трошоци за 2019 година;
9.Предлог-Програма (ЛО) – спорт и рекреација за 2019 година;
10.Предлог-Програма за култура (К4) за културни манифестации и творештво – Предлог-Програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) и Предлог-Програма за работа на Дом на култура КВК Скопје за 2019;
11.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода во областа за заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2019 година;
12.Решение за именување членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,, Скопје;
13.Решение за именување членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,, Скопје;
14.Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2019;