Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и третата пленарна седница

 Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и третата  пленарна седница на 28 март  2019 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

 

-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница

1.Годишен Извештај (информација) за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2018 година;

2.Нацрт на  Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;

3.Предлог-Одлука за збратимување на Општина Кисела Вода – Скопје – Република Северна Македонија и Општина Изгрев – Софија – Република Бугарија;

4.Предлог-Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода;

5.Предлог-Правилник за условите и критериумите за доделување награди за талентирани ученици – спортисти од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода;

6.Предлог-Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри наставници и стручни соработници од општинските основни училишта од Општина Кисела Вода;

7.Предлог-Правилник за условите и критериумите за доделување награди за најдобри воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки од Општина Кисела Вода;

8.Годишен план за вработување за 2020 година на Општина Кисела Вода;

9.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина кисела Вода во 2019 година;

10.Советнички  прашања;

Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода.

 

Споделете:

Scroll to Top