Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Дваесет и седмата пленарна седница на 12 јули 2019 година (петок) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 26-та пленарна седница
1.Предлог-Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните детски градинки за 2019 година;
2.Давање согласност на Правилник за внатрешна организација во Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
3.Давање согласност на Правилник за систематизација на работните места во Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
4.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
5.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на Јавната детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
6.Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Град Скопје за обележување и поставување на сообраќајна сигнализација на улица Жарко Зрењанин (Антон Димитров);
7.Предлог-Одлука за намера за користење на грант средства од Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП;
8.Предлог-Правилник за критериумите и постапката на доделување на средства од буџетот на Општина Кисела Вода за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации кои извршуваат јавен интерес и се одржуваат на територија на Општина Кисела Вода;
9.Давање согласност за измена на Годишниот план за вработување за 2019 година на Општина Кисела Вода;
10.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;
11.Предлог-Програма за измена и дополна на Развојна програма Културни манифестации и творештво – капитални трошоци (КА) подпрограма (КАА)-реконструкција на Дом на култура с.Драчево за 2017/2018/2019 година;
12.Предлог- Програма за измена и дополна на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2019 година;
13.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програма ( ЛО ) – спорт и рекреација за 2019 година;
14.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2019 година;
15.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( В1) – предучилишно воспитување за 2019 година;
16.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма КА културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2019 година;
17.Предлог-Програма за измена на Програма Г10 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2019 година;
18. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата(J) –комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2019 година;
19.Предлог-Развојна Програма за изградба на секундарна фекална канализација во село Усје;
20.Предлог-Развојна Програма за изградба на катна гаража во населба Расадник;
21.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помошна семејството Беличанец;
22.Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала за седници во барака бр.7, Општина Кисела Вода