Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Триесет и првата пленарна седница

 Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Триесет и првата  пленарна седница на 14 ноември  2019 година (четврток) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

 

 -Усвојување на Записникот од 30-та пленарна седница 

1.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за третиот квартал од 2019 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2019 година до 30.09.2019 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програма Г10 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност  за 2019 година;

3.Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( В1) – предучилишно воспитување  за 2019 година;

4.Предлог-Програма за измена и дополна на Развојна Програма – Програма од надлежност В – предучилишно воспитување и Програма ВА-предучилишно воспитување – капитални трошоци-изградба на нов објект – детска градинка во населба 11 Октомври згради, Општина Кисела Вода за 2019-2021 година;

5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;

6.Предлог-Одлука за именување  членови во Органот за внатрешна контрола – надзор во ЈДГ “Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

7.Предлог-Одлука за именување  членови во Органот за внатрешна контрола – надзор во ЈДГ “8ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;  

8.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2019 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,,;

9.Давање согласност на Годишниот план за вработување за 2020 година од Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ,,;

10.Давање согласност на Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање на користење под закуп на спортски објект;

11.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Мартин Стефановски;

12.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Моме Младеновски;

13.Предлог-Програма од надлежност В  -Предучилишно воспитување

и Програма ВА – Предучилишно воспитување капитални трошоци за 2020 година;

14.Советнички прашања;

 Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top