Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Триесет и втората пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Триесет и втората пленарна седница на 25 декември 2019 година (среда) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

-Усвојување на Записникот од 31-та пленарна седница

1.Давање согласност на Статутот на ООУ,,Кузман Јосифовски-Питу,, Кисела Вода, Скопје;

2.Давање согласност на Статутот на ООУ,,Кирил Пејчиновиќ,, Кисела Вода, Скопје;

3.Давање согласност на Статутот на ООУ,,Партенија Зографски,, Кисела Вода, Скопје;

4.Давање согласност на Статутот на ООУ,,Невена Георгиева-Дуња,, Кисела Вода, Скопје;

5.Давање согласност на Статутот на OОУ,,Кузман Шапкарев,, Кисела Вода, Скопје;

6.Давање согласност на Статутот на OОУ,,Рајко Жинзифов, Кисела Вода, Скопје;

7.Давање согласност на Статутот на OОУ,,Св. Климент Охридски,, с.Драчево, Кисела Вода, Скопје;

8.Давање согласност на Статутот на OОУ,,Круме Кепески,, Кисела Вода, Скопје;

9.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2019 година;

10.Предлог-Одлука за измена на Одлуката за критериумите, постапката и начинот за доделување на огревно дрво на семејства од социјално ранливи категории;

11.Предлог-Програма (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2020 година;

12.Предлог-Програма  (J) – комунални дејности  на Општина Кисела Вода за  2020 година;

13.Предлог-Програма  Г10 – за локален економски развој  со Подпрограма ГДО – проекти за енергетска ефикасност на Општина Кисела Вода за 2020 година;

14.Предлог-Програма за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО)   – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода  за 2020 година;

15.Предлог-Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2020 година;

16.Предлог-Програма  (Н1) основно образование и Програма (НА) основно образование  – капитални трошоци за 2020 година;

17.Предлог-Програма (ЛО) – спорт и рекреација за 2020 година и Предлог-Програма на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти  “Кисела Вода КВ“  за 2020 година;

18.Предлог-Програма за култура (К4) за културни манифестации и творештво – Предлог-Програма (КА) за културни манифестации и творештво (Капитални трошоци) и Предлог-Програма за работа на Дом на култура КВК Скопје за 2020;

19.Предлог-Програма за активностите на Општина Кисела Вода во областа  за заштитата и спасувањето на граѓаните и материјалните добра за 2020 година;

20.Предлог-Програма (Џ 10) за родова еднаквост во Општина Кисела Вода за 2020 година;

21.Давање согласност на измената на Годишниот план за вработување за 2020 година на Општина Кисела Вода;

22.Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2020 година;

23.Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;

24.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2020 година;

25.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Љубе Петревски;

26.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Елизабета Јошевска;

27.Советнички прашања;

Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top