Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи третата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи третата пленарна седница на 15 ноември 2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред: 

1. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за третиот квартал од 2021 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2. Предлог- Програма за измена и дополна на Развојната програма (Програма од надлежност В-предучилишно воспитување и програма ВА –предучилишно воспитување – капитални трошоци) за изградба на нов објект – детска градинка во населба 11 Октомври згради Општина Кисела Вода за 2020 – 2022 година;

3. Предлог- Програма за измена и дополна на Развојната програма-Програма НА –основно образование (капитални расходи) доградба на објект –ООУ “Невена Георгиева Дуња„ Општина Кисела Вода за 2021-2022 година;

4. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2021 година;

5. Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата  за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи   за 2021 година;

6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  (Ј) Комунални дејности за 2021 година;  

7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата  (Р) – Заштита на животна средина и природа за 2021 година      

8. Предлог -Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Кисела Вода за 2021 година;

9. Предлог- Одлука за намера за реализација на проект со заем од  Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП) и овластување за потпишување на Иницијален договор;

10. Предлог- Решение за измена и дополна на Решение за именување на членови на Управниот одбор на јавна општинска установа „ ДОМ НА КУЛТУРА КВК“ Скопје;

11. Давање позитивно мислење на Статутарна одлука за дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Општина Кисела Вода, Скопје;

12.Советнички прашања

 Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

 

   

Споделете:

Scroll to Top