Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи седмата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи седмата пленарна седница на 24 февруари 2022 година (четврток) со почеток во 14:00 часот, со следниот дневен ред:

1. Квартални извештаи К1, К2 и К3 за четвртиот квартал од 2021 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

2. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Oпштина Кисела Вода во 2021 година;

3. Акционен план за 2022 година (од Програмата за Енергетска ефикасност за Општина Kисела Вода 2021-2023 година);

4. Предлог – Одлука за измена и дополнување на развојната програма во Општина Кисела Вода донесена на Петтата пленарна седница, одржана на 30 декември 2021 година со број 09-10907/26;

5. Предлог – Одлука за  именување на член на Управниот одбор – претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

6. Предлог – Одлука за  именување на член на Управниот одбор – претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ 8 ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

7. Предлог – Одлука  за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ “8 ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;  

8. Предлог – Одлука  за избор на член на Управниот одбор-претставник од Министерството за труд и социјална политика во ЈДГ “Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;  

9. Предлог – Одлука  за именување  член на Управниот одбор – претставник од  Градот Скопје  во ЈДГ “Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

10. Предлог – Одлука  за  именување на член на Управниот одбор – претставник од Општина Кисела Вода во ЈДГ “ 8 ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

11. Предлог – Одлука  за именување на претставници  од Совет на родители во Управниот одбор на ЈДГ “ 8 ми Март ”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

12. Предлог – Одлука  за именување на претставници  од Совет на родители во Управниот одбор на ЈДГ “ Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

13. Предлог – Одлука  за именување на претставник од Установата во Управниот одбор на ЈДГ “ 8 ми Март”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

14. Предлог – Одлука  за именување на претставник од Установата во Управниот одбор на ЈДГ “ Весели Цветови”  на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

15. Предлог – Одлука  за именување претставници на Општина Кисела Вода  во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;

16. Правилник за условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на уметници и други културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во Општина Кисела Вода;

17. Предлог – Одлука за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода;

18. Предлог – Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општина Кисела  Вода;

19. Советнички прашања.

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

 

Споделете:

Scroll to Top