Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи десетата пленарна седница на 10 мај 2022 година (вторник) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:

 

1.Давање согласност на Годишниот план за вработување – измена и дополнување за 2022 година на ЈДГ „8 Март“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

2.Предлог – Одлука за  прифаќање на донација – атмосферска канализација на ул. „Св. Наум Охридски“ населба Пржино во Општина Кисела Вода;

3.Предлог – Одлука за давање правото на користење на мрежата на јавното осветлување на територијата на Општина Кисела Вода, кој е во надлежност на Општината;

4.Предлог – Одлука за формирање  на Општински совет за превенција на детско претстапништво на Општина Кисела Вода;

5.Советнички прашања;

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

Споделете:

Scroll to Top