Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи петнаесеттата пленарна седница на 25.10.2022 година (вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 13-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 14-та пленарна седница
1.Годишен извештај за работа на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2021/2022 година;
2.Годишна Програма за работата на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2022/2023 година;
3.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ„ 8 Март“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
4.Годишен извештај за работа на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2021/2022 година;
5.Годишна Програма за работата на ЈДГ ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје за учебната 2022/2023 година;
6.Давање согласност на Статутот за измена и дополнување на Статутот на ЈДГ„ Весели Цветови“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
7.Предлог – Одлука за прифаќање на донација – урбанистички проект за инфраструктура со намена Е1.1 – секундарни улични мрежи во населени места од измена и дополнување на општ акт за село Драчево, КО Драчево 2, Општина Кисела Вода;
8.Предлог – Одлука за прифаќање на донација – фекална канализација на ул.Лазар Димитров – Петар Драпшин населба 11-ти Октомври во Опшина Кисела Вода;
9.Предлог – Одлука за прифаќање на донација во вид на финансиски средства;
10.Предлог – Одлука за неприфаќање на понуда за првенствено право на купување на градежно земјиште во сосопственост на физички и правни лица поднесена од Нотар Весна Паунова од Скопје;
11.Предлог – Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на ООУ Кузман Јосифовски Питу со типска училишна спортска сала Модел – 1 на територија на Општина Кисела Вода, фаза 1;
12.Предлог – Одлука за исправка на техничка грешка ГП 01.04 од Детален урбанистички план ДЕЛ од М.З. 73 Кисела Вода Урбан модул ,,КОЗЈАК” со Одлука бр. 07-49/3 од 31.05.2004 година ,,Службен Гласник на Град Скопје,, бр 7/2004;
13.Предлог – Одлука за исправка на техничка грешка ГП 7.98 од Детален рбанистички план Реон Ј Четврт Ј10, со Одлука бр. 07-18/11 од 27.05.2014 година ,,Службен Гласник на Општина Кисела Вода,, бр 4/2017;
14.Предлог – Одлука за донесување на план за парцелација составен дел на
Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела 3.25/26 од Г.П. 3.25 и Г.П. 3.26, Согласно ДУП ,,СТАКЛАРНИЦА-ПИНТИЈА”-Општина Кисела Вода-Скопје;
15.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.