Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи Десеттата пленарна седница

Ве известуваме дека Десеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода   ќе се одржи на 31 мај  2018 година (четврток) со почеток во 12,00 часот, со следниот дневен ред: 

-Усвојување на Записникот од 9-та пленарна седница

1. Давање Согласност на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната  детска градинка ,,Весели Цветови,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

2.Предлог-Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Кисела Вода во 2018 година, со Акционен План за спроведување на активности од Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина  Кисела Вода во 2018 година;

3.Квартални извештаи К1,К2 и К3 за првиот квартал од 2018 година – К1-кваратлен извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за  извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2018 година до 31.03.2018 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;

4.Предлог-Програма за измена на Програмата (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2018 година, Подпрограма (Р10) Заштита на животната средина и природа;

5.Предлог-Правилник за утврдување на постапката и условите за издавање на согласност за прекопи;

6.Предлог-Одлука за утврдување на нормирана цена за градежно земјани работи за изведба на прекопи за подземни инсталации;

7.Советнички  прашања

Седницата ќе се одржи во Голема сала за седници – барака 7 – Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top