Search
Close this search box.

Соопштение

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство, Општина Кисела Вода, по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат, објавува дека стапуваат на сила следните препораки и мерки:

 

-Сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како  и лицата со  хронична астма, прележан   миокарден  инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Препорака до сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот. Да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Известуваме дека ќе се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна  медицинска   помош,  домашна   посета   и   патронажна служба.

Во рамки на функционирањето на службите на локалната самоуправа, известуваме дека ќе се намали  (до 50%) употребата на службените возила, а ќе се обезбеди и ограничување   на   работите  на  градежните објекти. Во соработка со Министерството за  труд и социјална  политика и Црвениот  крст, како и Здравствениот дом, ќе се обезбедат   прифатилишта   за   сместување на бездомници, а на старите и  осамени  лица ќе им се даде поддршка преку организирани посети.  

Ја известуваме јавноста и дека Државниот инспекторат за животна средина ќе  започне   со   вршење   на   зачестена   контрола  на Инсталациите  кои   што   поседуваат   А   –   ИСКЗ   дозвола,  истиот ќе спроведе  контролни  мерења  на  емисиите   на  загадувачки супстанции   во   амбиенталниот   воздух   со   акредитирана лабораторија,   со   цел   да   се   утврди  дали  се   применуваат пропишаните   услови/мерки   во   Дозволата   по   однос   на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање, пак,  ќе подготви и достави препорака  до   Инсталациите  коишто   поседуваат   А  –   ИСКЗ дозвола, за   намалување   на   капацитетот   на   производство (до  50  %)   со   што   од   оваа   мерка   ќе   бидат   исклучени инсталациите   кои   што   произведуваат   топлинска   или електрична енергија.

Воедно, Општина Кисела Вода ќе ги почитува и сите останати краткорочни и долгорочни мерки изготвени од Владата на Републка Македонија.

Споделете:

Scroll to Top