Search
Close this search box.

Соопштенија

Се молат граѓаните на општина Кисела Вода доколу имаат проблем околу собирањето и изнесувањето на комуналниот смет, редовноста, односот на вработените да се јават во комуналното претпријатие на тел  070 241 556 – Директор Николоски Кирју .

Соопштение 

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода дека е забрането да фрлаат (оставаат) предмети покрај контејнерите за комунален смет и на јавни површини.
Истовремено, се охрабруваат граѓаните кои ќе воочат вакви ситуации, истите да ги пријават во комуналната инспекција на Општина Кисела Вода.
Граѓаните на Општина Кисела Вода можат да се ослободат од тие предмети при акциите кои се организираат од страна на Општина Кисела Вода и ЈКП Комуналец Кисела Вода во соработка со ЈП Комунална Хигиена – Скопје.

 

 

 

Информација

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода (Урбана Заедница, 11-ти Октомври – згради) дека ЈКП Комуналец Кисела Вода во соработка со ЈП Комунална Хигиена – Скопје на 04.06 и 05.06.2012 год. изведоа акција за отстранување на градежен шут, гранки и комунален смет од јавните површини на територија на Урбана Заедница 11 Октомври – згради .

 

 

 

Соопштение!

 

Се известуваат жителите од Месна Заедница Кисела Вода кои живеат на ул. Козјак – бараки  комуналниот смет да го фрлаат во контејнерите се додека не се создадат услови за собирање на комунален смет по систем на пластични канти од 120л.
Се известуваат жителите од Месна Заедница Кисела Вода кои живеат на ул. Сава Ковачевиќ крак11 кај ЈП Улици и Патишта дека ќе бидат повлечени контејнерите поради создавање на депонија.

 

Со почит,

 

Скопје, 15.06.2012 год.

 

 

 

Соопштение!

 

Се известуваат граѓаните дека на ден 21.06.2012 год. ќе биде спроведена акција за чистење на ул. Иван Козаров, Општина Кисела Вода. Поради тоа се молат граѓаните да не паркираат возила на горенаведената улица.

 

Со почит,

 

Скопје, 20.06.2012 год.

 

 

 

Соопштение!

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода (Урбана Заедница Цветан Димов) дека ЈКП Комуналец Кисела Вода и вработени на Општина Кисела Вода и на ден 21.06.2012 год. изведоа акција за отстранување на градежен шут, гранки и комунален смет од улицата Иван Козаров.

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода дека ЈКП Комуналец Кисела Вода во соработка со ЈП Комунална Хигиена – Скопје на ден 22.06.2012 год. изведоа акција за отстранување на градежен шут, гранки и комунален смет од јавните површини на територија на Урбана Заедница Кисела Вода,  Пржино и Црниче.

 

Со почит,

 

Скопје, 22.06.2012 год.

 

 

 

Соопштение!

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода дека ЈКП Комуналец – Кисела Вода  и вработени од Општина Кисела Вода а во соработка со ЈП Комунална Хигиена – Скопје на ден 06.07.2012 год. изведоа акција за отстранување на градежен шут, гранки и комунален смет од јавните површини на улиците Првомајска кај складот на Макпетрол, Сава Ковачевиќ 11, Димо Хаџи Димив и Георги Димитров при што беа собрани 25 м3 од гореспоменатиот отпад.

 

Со почит,

 

Скопје, 06.07.2012 год.

 

 

 

Соопштение!

 

Се известуваат жителите на Општина Кисела Вода дека ЈКП Комуналец Кисела Вода и вработени на Општина Кисела Вода во соработка со ЈП Комунална Хигиена – Скопје на ден 29.08.2012 год. изведоа акција за отстранување на градежен шут, гранки и комунален смет од јавните површини на територија на УЗ Кисела Вода, Припор и 11 Октомври бараки ул. Првомајска.
При акцијата беа собрани 60 м3 од гореспоменатиот отпад.

 

Со почит,

 

Скопје, 29.08.2012 год.

Споделете:

Scroll to Top