Денес, со почеток вo 11часот учениците, наставниците и родителите од OOУ “Партенија Зографски” заедно ги реализираа спортските активности “Со мама и тато спортуваме и заедно се радуваме”.
Истите се одвиваат како дел од проектот доставен од Министерството за образование и наука “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”.
На настанот присуствуваа 170 активни учесници меѓу кои родители, наставници и ученици поделени во три категории: прва категорија од прво до трето одделение, втора категорија од четврто до шесто одделение и трета категорија од седмо до деветто одделение.
Учество, како гости, зедоа и дечиња од градинката”Мимоза”.
Покрај заедничките спортски активности помеѓу родителите, наставниците и учениците, настанот беше збогатен и со пригодна музичка програма од учениците од истото училиште.