Со посетата на Бирарија, Црниче и Цветан Димов градоначалникот на општина Кисела Вода го затвори овој циклус посети на месните и урбани заедници во општина Кисела Вода. И овој пат, градоначалникот, претседателот на Советот на општината Трајче Донев, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија од градот Скопје остварија средба со граѓаните со цел за подобрување на условите во кои живеат.
На средбата со граѓаните градоначалникот нагласи дека во УЗ Црниче на улица Банско целосно е извршена подземна инфраструктура на атмосферска и фекална канализација, како и на водоводна мрежа и реконструкција на ул. Банско.
Планирана е изведба на фекална и атмосферска канализаиција на улица Зеленгора 1, а во тек е и проект за изработка за партерно уредување на тротоари за улица Рилски конгрес, како и одржување на улично осветлување, урбана опрема и санација детски игралишта.
Градоначалникот на средбата со граѓаните во УЗ Бирарија потсети на досега сработеното, изведба и реконструкција на ул. Боро Камчевски, изведба на подземна инсталација за атмосферска канализиација за ул. Боро Камчевски и ул. Фредерик Шопен.
Најави дека е во план изработка на проект за водоводна мрежа за ул. Боро Камчевски, проект за паркинг простор и партерно уредување со фонтана од камен кај Шампионче, како и тековно одржување на на урбана опрема и улично осветлување.
Градоначалникот во УЗ Цветан Димов информираше за досега сработеното, за реконстуркција на торотоари и изградба на паркинг простор за подложно паркирање на ул. Иван Козаров (од Чешма до спој со ул. Божидар Аџија), реконстурквција на торотоар и коловоз на ул. Марко Цепенков, ул 354 и ул. Мишко Михајкловски, поставување на ново улично осветлување за ул. Мишко Михајловски, ул. Марко Цепенков и ул. 354, асфалтирање и санација на паркинг на ул Вера Јоциќ, изработка на ново детско игралиште и парковско зеленило на ул Вера Јоциќ, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.
Во план е проект за изработка на атмосферска и фекална канализација за ул. Јордан Мијалков, ул. Жил Верн, ул. Трпе Петровски и ул. Стојан Стојановски. Позади зградата Илинден ќе биде поставен подземен контејнер, основен проект за новопроектирана улична мрежа за крстосница за Бул. Борис Трајковски и дел од ул . Иван Козаров, сообраќаен прокет за режим на сообрачќај за новопроектирана улична мрежа за крстосница на бул. Борис Трајковски и дел од ул. Иван Козаров, изработка на атмосферска, фекална и водоводна мрежа на новопроектирана улица и ул. Иван Козаров, изработка на проект за партерно уредување на ул. Дренак, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.
Со синоќешната, се заокружува циклусот посети што ги опфати сите 15 месни и урбани заедници низ општина Кисела Вода на кои граѓаните беа информирани за се што е сработено во текот на 2015 година и за идните планови за 2016 година.
Отвореноста на општината кон граѓаните и нивните предлози и идеи кои ќе можат да се разменат на приемните денови во кабинетот на градоначалникот, останува да биде приоритет на општината. Истите непрекинато се одвиваат секој четвроток.