Search
Close this search box.

Спортски сали

Спортски сали “ Независна Македонија“ и “Архиепископ
Доситеј“ Агенцијата за млади и спорт, согласно седница на Владата на Република Македонија на 28.10
2006-та година донесува заклучоци да инвестира во изградба на две спортски сали
во Општината Кисела Вода. Салите се дел од проектот “ 35 спортски сали во
Република Македонија“. Спортските сали ,,Независна Македонија“ која се наоѓа во
дворот на ОУ Невена Георгиева Дуња и спортската сала “Архиепископ Доситеј“
лоцирана во дворот на ОУ Круме Кепески, свечено 
се пуштени  во употреба на почетокот од 2010 година.

Во истите, покрај одржувањето на редовната настава на двете основни училишта се реализира и проектот “Училишен спорт“каде воповеќе спортови се натпреваруваат ученици од 8 основни училишта кои гравитираат во Општината. Исто така, 30-тина активни
спортски клубови од Општината Кисела Вода, во спортските сали “Независна Македонија“ и “Архиепископ Доситеј“ секојдневно реализираат
тренажно-натпреварувачки процес.
Со двете спортски салираководи ,,ЈП за стопанисување со спортски сали и спортски објекти КВ- КиселаВода“.



 



Спортска сала “Расадник“



 



Спортската сала “Расадник“ за Општината Кисела Вода има
спортска историска вредност. Долго време беше руинирана, но благодарение на
Градоначалникот Орце Георгиевски, истата во моментов се реновира. ,,Расадник“
повторно ќе биде потстрег на спортските клубови од Општината за постигнување на
врвни резултати, кои своевремено во преполната сала ги остваруваше ракометниот
клуб Вардар.



Споделете:

Scroll to Top