Search
Close this search box.

Спорт и млади

Спорт и рекреација

На подрачјето на општина Кисела Вода подолго време постои организирано спортување, а физичката култура е застапена во сите образовни институции. Општината е генератор на создавање на спортски светски великани од калибарот на Дарко Панчев, Петар Наумовски и Ванчо Каранфилов. Фудбалскиот клуб Цементарница е редовен учесник во европските купови, тука се и останатите екипи, од разни спортови, учесници во сите системи на натпреварување кои даваат придонес во делот на зголемувањето на квалитетот на спортот организиран од спортските федерации. Општината пак, со низа иницијативи и програми го помага и стимулира рекреативниот и масовниот спорт со изградба на рекреативни центри и игралишта на отворено за кошарка, мал фудбал, тенис и одбојка.

Споделете:

Scroll to Top