Search
Close this search box.

​Средба Ѓорѓиевски-Божиновска: Заеднички пристап за решавање на енергетските предизвици на општините

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на значајна работна средба помеѓу Управниот одбор на ЗЕЛС и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Оваа средба претставуваше прва официјална можност за директен дијалог помеѓу локалната самоуправа и ресорното министерство, со цел заедничко изнаоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат општините и јавните претпријатија во енергетскиот сектор.
На состанокот се разгледаа можни мерки за намалување на трошоците, вклучувајќи воведување единствен терк за јавни набавки, што ќе овозможи поповолни цени и поголема транспарентност. Беше договорено Министерството да назначи контакт лица за поддршка при набавка на електрична енергија, а јавните институции да бидат насочени да купуваат струја преку Македонската енергетска берза, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски оптоварувања. Дополнително, општините преку ЗЕЛС, побараа поддршка за проекти за енергетска ефикасност, особено за оние кои веќе имаат инсталирани фотоволтаици, но се соочуваат со административни пречки при продажба на вишокот електрична енергија. Разговарано беше и за проширување на имплементацијата на паметно улично осветлување, кое значително ги намалува сметките за струја. Беше отворено прашањето за кривична одговорност во случаи на несоодветно управување со јавните набавки за електрична енергија, доцнење во процесот или ненавремено планирање, што доведува до финансиски загуби и долгови.Ѓорѓиевски нагласи дека оваа средба покажува променет пристап и отвореност за дијалог од страна на Министерството, што е од суштинско значење за решавање на предизвиците со кои се соочуваат општините.


-Прво морам да споменам дека ова ни е прва средба со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Ова е променет начин на работа, на кој што нашиот глас, како ЗЕЛС, е слушнат. Ние во минатото се соочувавме со проблеми, но не наидовме никогаш на отворена врата, односно разбирање од другата страна. Денес поминавме низ средба каде што ЗЕЛС имаше разговори со министерката на која што се разговараа теми, меѓу кои беше и барањето на АДКОМ, согласно постоечките законски регулативи, за потребата од интервенција во законот за во состојба, каде што имате јавни претпријатија над 50 вработени кои што имаат и кои што остваруваат приход од 2 или повеќе милиони во годината и кои се оневозможени во моментов да бидат на регулиран пазар. Морам да истакнам, со министерката заклучивме дека постои расположение и дека по ова прашање ќе мора да имаме во скоро време уште една средба и со неа, но и со Претседателот на Владата, околу делот на законските измени поврзани со истата. Верувам дека ќе најдеме позитивно решение, еден заеднички јазик преку кој јавните претпријатија ќе имаат бенефит од истото. Јас, како Претседател на ЗЕЛС, сакам, јавно апелирам до сите јавни претпријатија да учествуваат на јавен пазар не доведувајќи се во состојба да доаѓаат до краен корисник, односно до краен снабдувач. Во наредниот период и логистички министерката ќе се приклучи во процесот, овозможувајќи и тендерски документација на таа постапка со која што јавните претпријатија ќе бидат во заштеда при спроведување на таа постапка.Исто така, разговаравме и за инвестиции во енергетиката во општините, поединечни енергетско-ефикасни проекти, кои што и во наредниот период ќе можеме заеднички да ги партиципираме, заеднички како локална самоуправа во соработка со министерството за енергетика, така што мислам дека, на крајот на денот, ова беше една корисна средба, одлична средба во која што многу работи ги позициониравме како да се одвиваат во перспектива. Она што е клучно е тоа што има расположение да им се помогне на јавните претпријатија и општините во наредниот период-изјави Претседателот Ѓорѓиевски по средбата.

Споделете:

Scroll to Top