Вчера, во Големата сала на општина Кисела Вода се одржа трибина на тема ”На секое дете му е потребно семејство”. На настанот организиран од општина Кисела Вода во соработка со Меѓуопштински центар за социјална работа, беше презентиран дел од законската рамка од Законот за социјална заштита во делот на вонинституционална заштита на деца и возрасни лица.
За законските права и обврски на лицата кои се заинтересирани за добивање статус на згрижувачко семејство, говореа социјалните работници Надица Спасовска, Мирјана Геговска-Грујовска и психологот МартаНиколовка, сите од меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје. Присутните се информираа за тоа што значи згрижувачко семејство, кој може да се појави во улога на згрижувачко семејство, какви се обврските и колкав е паричниот надомест кој го примаат згрижувачките семејства.
Повеќе информации на оваа тема може да се добијат на бесплатниот телефон 15 505.