“Кино на отворено” кое Општина Кисела Вода го започна минатата година, го продолжи и оваа година. Изминатиот викенд, во паркот “Македонија”, непосредно до Домот на култура “Билјана Беличанец” бројна публика имаше можност под отворено небо да ужива во бесплатните филмски проекции.
Во организација на Општина Кисела Вода во соработка со ‘Авард Филм и Видео”, “Банана филм”, како и со МРТВ и “Вардар Филм”, во саботата беа емитувани емитувани две епизоди од серијалот ,,Викенд на мртовци”, а по нив и филмот,,Кајмак” во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Во неделата пак, на љубителите на филмската уметност им беа прикажани нова епизода од Викенд на мртовци”, документарниот филм “Ќеиф”, како и ,Ах љубов моја” во режија на Коле Ангеловски.
Бесплатните филмски прожекции под отворено небо со кои Општина Кисела Вода го збогатува културниот и забавниот аспект на животот, ќе продолжат и следната година. Воедно, со повеќе креативни и иновативни настани ќе биде одбележан и перодот што е пред нас.