Search
Close this search box.

Утре дел од Кисела Вода без вода

Општина Кисела Вода информира дека утре од 8:30 часот прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од Северната зона Југ, Бул. „Борис Трајковски“ од крак 2 до крак 10, „Супер Тинекс“, „Рамстор“ и бензиската пумпа, како и дел од ул.„Христо Татарчев“ и населбата.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека прекините со водоснабдувањето ќе бидат поради уличен дефект на ул. „Христо Татарчев“ бб, кај кружниот тек и ќе траат се до завршување на работните активности.

Споделете:

Scroll to Top