Search
Close this search box.

Утре дел од Кисела Вода без струја

Општина Кисела Вода информира дека утре во временскиот период од 09:00 до 12:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од улиците: „Михаил и Ефтихиј“, „Георги Димитров“, „Димо Хаџи Димов“, „Мариовска“ делот кај Домот за лица со оштетен вид. Додека, во периодот од 11:00 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Славка Динкова“.

Од „ЕВН Македонија“ АД соопштија дека прекините ќе бидат заради планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа.

Споделете:

Scroll to Top