Search
Close this search box.

Утре ќе се одржи крводарителска акција во Општина Кисела Вода

“Вашата крв спасува живот” е мотото на крводарителската акција која утре, петок, 18 мај 2018 год. ќе се одржува во Големата сала на Општина Кисела Вода. Организирана е од страна на Општина Кисела Вода заедно со општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје. Започнува во 11 часот и ќе трае до 15 часот.

Општина Кисела Вода ги повикува сите заинтересирани хумани луѓе да се вклучат во оваа акција, да даруваат крв и да спасат нечиј живот. Во неа ќе учествуваат и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.

 

Споделете:

Scroll to Top