Search
Close this search box.

Училишен спорт

ПРОГРАМА ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА  ЗА 2024 ГОДИНА

1.  ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ПОДДРШКА  НА УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА И ЗДРУЖЕНИЕ – ОПШТИНСКИ СОЈУЗ НА УЧИЛИШЕН СПОРТ НА КИСЕЛА ВОДА

Цели:

Фундамент за развој на спортот треба да претставуваат добро организирани спортски активности во образовните институции. Оттука, училишниот спорт има универзални вредности. Целта на овој проект е откривање, развој и усовршување на спортскиот талент на учениците. Успешната организација на училишниот спорт несомнено ќе резултира со зголемување на масовноста во спортот од една страна, но и со можност за квалитетна селекција на врвни спортски таленти од друга страна.

Предвидени средства и динамика на реализација:

– За реализација на овој проект предвидени се вкупно 500.000. 00 денари

– Средствата  се доделуваат на Јавен оглас, по претходно формирана комисија од Градоначалникот, која има за цел да дефинира Правилник и критериуми за доделување на материјална поддршка на училишните спортски клубови и здруженија и Општинскиот Сојуз на училиштен спорт на Кисела Вода.

-Време на реализација:  јануари-декември 2024.

2. ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: КУП НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА  ,,Св  ЃОРЃИ“

Цели:

Овој  меѓу општински проект веќе стана традиционален во Oпштината Кисела Вода. Најдобрите талентирани ученици по спортовите мал фудбал,кошарка,одбојка, ракомет,(во конкуренција машки и девојчиња) ќе бидат селектирани од страна на селектори (професори по физичка култура и тренери). Оттука ќе се формира Селекција на таленти од општината Кисела Вода во повеќе спортови кои турнирски ќе се натпреваруваат со своите врсници од другите Општини поканети на турнирот.

Време на реализација:  2024 година.

3. ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ПОДДРШКА  НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ И СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА

Цели:

Спортските клубови и спортските здруженија кои егзистираат на територијата на Општината практично се спортско огледало на најстарата скопска општина Кисела Вода е расадник на таленти и  врвни спортисти кои својот прв чекор во спортот и своите први успешни спортски резултати ги направиле  токму во спортски клубови во Oпштината Кисела Вода. Оттука, не само законска, туку и морална обврска е Општината да се грижи за спортот кој практично претставува најевтин и најголем амбасадор на општината Кисела Вода во својата општина и надвор од неа.

Предвидени средства и динамика на реализација:

– За реализација на овој проект предвидени се вкупно 5.000.000. 00 денари

– Средствата се доделуваат на Јавен оглас, по претходно формирана комисија од Градоначалникот, која има за цел да дефинира Правилник и критериуми за доделување на материјална поддршка на Спортски клубови и Спортски здруженија.

Време на реализација: 2024

4. ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ПОДДРШКА  ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СПОРТСКИ МАНИФЕСТАЦИИ

Цели:

Целта на проектот е да се стимулираат спортските клубови, спортските здруженија, спортските сојузи и спортски федерации во делот на реализација на манифестации кои значат масовност на спортот. Во проектот главен услов е манифестацијата да се одржува на територијата на општината Кисела Вода.

Предвидени средства и динамика на реализација:

– За реализација на овој проект предвидени се вкупно 1.000.000. денари

– Средствата  се доделуваат на Јавен оглас, по претходно формирана комисија од Градоначалникот, која има за цел да дефинира Правилник и критериуми за доделување на материјална поддршка за реализација на спортски манифестации.

Време на реализација:  2024.

  • ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: СПОРТСКА АКАДЕМИЈА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Цели:

Спортска академија на општина Кисела Вода е проект наменет за одржување на промоции, спортски трибини, симпозиуми, реализација на афирмативни тренажни процеси предводени од актуелни и поранешни селектори и тренери на спортски клубови. Заради усовршување на водење на спортски тренинг во повеќе спортови, но и на многу други значајни теми од спортот, предвидено е во проектот да продефилираат со свои предавања, стручни лица од ФФК, експерти од Агенцијата за млади и спорт,  од соодветни федерации и од спортски клубови и спортски здруженија. Размената на искуства, збогатување на знаењето, усовршувањето, издаваштвото, изработка и реализација на сопствени проекти,  се само мал дел од целите и очекуваните ефекти од проектот, кој практично значи и развивање и усовршување на спортот во Општината.

Исто така, потребно е, во текот на неделата да се обедбедат слободни бесплатни термини во спортските сали за рекреација за граѓаните (мажи и жени) и вработените во Oпштината (мажи и жени)

– Слободни термини  во спортските сали за рекреација на граѓани.

-Слободни термини за деца со посебни потреби

-Слободни термини  во спортските сали за рекреација на вработени (мажи).

-Слободни термини во спортските сали за рекреација на вработени (жени) и жени во социјален ризик.

  • ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПАРИЧНИ НАГРАДИ ДО 100 ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ-СПОРТИСТИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

Цели:

Во осумте основни училишта кои гравитираат во Општината од година во година се афирмираат плејада на таленти во повеќе спортови. Нивниот талент го искажуваат во натпревари кои се во рамките на организација на училишниот спорт, или пак на клупско и репрезентативно ниво во домашни и меѓународни рамки Општината Кисела Вода сака да ги стимулира талентираните спортисти кои постигнуваат успешни резултати. Исто така, Општината сака да го афирмира спортот како и да ја поттикне  мотивацијата на младите таленти во делот на понатамошниот спортски развој.

Предвидени средства и динамика на реализација:

– За реализација на овој проект предвидени се вкупно 1.000.000 00 денари

– Средствата  се доделуваат по претходно доставен оглас по основните училишта, по претходно формирана комисија од Градоначалникот, која има за цел да дефинира Правилник и критериуми за доделување на парични награди до 100 талентирани ученици-спортисти од основните училишта на територијата на општината Кисела Вода

Време на реализација: мај-јуни 2024 година.

  • ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ,,СПОРТУВАМЕ- ДРУГАРУВАМЕ“

Цели:

Проектот Спортуваме -Другаруваме е наменет за лицата со посебни потреби. Во општината Кисела Вода има две училишта со посебни потреби: ,,Д-р Златен Стремец“ и ..Димитар Влахов“, но и многу други наши сограѓани со посебни спортови (мажи и жени) кои сакаат да спортуваат, а не да се затворени во своите домови. Целта на проектот е социјализација на лицата, преку неделни спортски активности да се подобри комуникацијата и другарувањето, но и надградување на спортското усовршување и спортскиот развој, откривање и надградување на спортскиот талент кај  лицата со посебни потреби. Општината за неделните спортски активности потребно е да обезбеди бесплатни термини во спортските сали и останатите спортски објекти на територијата на Општината и да обезбеди стручно лице кои ќе ги води часовите по спорт

Предвидени средства и динамика на реализација:

– За реализација на овој проект предвидени се вкупно 90.000 00 денари

8.ИМЕ НА ПРОЕКТОТ: ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ,, КИСЕЛА ВОДА“

Цели:

Во Рамките на рекреативниот и масовен спорт предвидено е да се организира турнир во мал фудбал ,,Опен Кисела Вода“. Во проектот се предвидува учество да земат екипи од граѓаните во месните заедници, но предвидено е учество да земат и рекреативци од фирмите кои егзистираат во општината Кисела Вода или пак , екипи од фирми со кои соработува општината Кисела Вода. Предвидено е турнирот да се одвива во неколку категории. Идејата е да се поттикне маалскиот спорт и низ забава и дружење да се развива рекреативниот и масовен спорт.

Предвидени средства и динамика на реализација:

Време на реализација: 2024 година.

9.ИМЕ НА ПРОЕКТОТ:ШАХОВСКА ЛИГА КИСЕЛА ВОДА

Во рамките на рекреативниот и масовен спорт предвидено е да се реализира проектот Шаховска Лига Кисела Вода каде учество ќе земат граѓаните од месните заедници во Општината. Секоја  месна заедница предвидено е да формира екипа со 6 натпреварувачи и низ лига систем во екипна конкуренција ќе се игра по Бергеров систем. Идејата е да се развива шахот како спорт и низ забава и дружење меѓу граѓаните на месните заедници да се поттикне рекреативниот и масовен спорт.

 Предвидени средства и динамика на реализација

Шаховската лига се предвидува да се игра во тековната 2024 година

10. ИЗБОР НА НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ НА ОПШТИНАТА КИСЕЛА

ВОДА

 Општината Кисела Вода  во  2024 година ќе направи манифестација,, Избор за најдобар спортист на Општина Кисела Вода. За реализација на овој проект потребно е да се дефинира Правилникот за избор на најдобрите спортисти на Општината, каде е предвидено да го донесе Комисија во која ќе партиципираат вработени во општинската администрација, советници од Советот на Општината, претставници на спортски клубови, сегашни и поранешни спортисти. Ќе се вреднуваат резултатите на спортистите, клубовите спортските работници, во сениорска,, јуниорска, кадетска и пионерска конкуренција. Изборот ќе биде транспарентен и согласно правилата на европските спортски стандарди.

Споделете:

Scroll to Top