Search
Close this search box.

Фестивал на солидарноста се одржа вчера во општина Кисела Вода

Вчера вечер, во Паркот на бранителите, се одржа завршниот концерт на 36-от Меѓународен студентски фолклорен фестивал.

 Во организација на АКУД ,, Мирче Ацев “, во соработка со општина Кисела Вода, пред бројната публика се претставија фолклорни групи од Бугарија, Романија Србија, како и рускиот вокален ансамбл Чајка кој е основан и функционира во Македонија и секако, домаќините, играорците од , АКУД ,, Мирче Ацев “.

Фестивалот е организиран во далечната 1967-та година од Град Скопје како благодарност на земјите кои помогнале во обновата на Град Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 – та година. Инициран е од скопските студенти, а од  1986 година, организирањето го превзема АКУД “Мирче Ацев “.

На годинешниот, 36ти по ред Меѓународен фестивал на солидарноста, како што уште го нарекуваат, фолклорниите групи имаа настапи низ повеќе скопски оптштини, настапија и во Охрид.

 Затворањето, кое громогласно со аплауз беше поздравено од бројната публика, се случи синоќа, во општина Кисела Вода.

 

Споделете:

Scroll to Top