Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорот на Националната установа „Кинотека на Република Македонија“, Бошко Грујоски, потпишаа Меморандум за соработка.
Меморандумот има за цел унапредување и збогатување на културниот живот во Општина Кисела Вода преку реализација на заеднички проекти, кои ќе овозможат поголема достапност на културни простори, промоција на филмската уметност и организација на разновидни културни содржини. Во рамки на соработката, жителите ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатни филмски проекции, презентации и на други настани што ќе придонесат за подинамичен и поквалитетен културен живот на локално ниво.


-Со потпишувањето на овој Меморандум ја потврдуваме нашата посветеност кон културното збогатување на општината. Соработката со Кинотеката ќе овозможи уметноста и културата да бидат подостапни за сите жители на Кисела Вода, ќе создаде нови можности за културни случувања и ќе ја поттикне љубовта кон филмот и уметноста. Ваквите заеднички проекти ја градат културната сцена и го зацврстуваат идниот развој на локалната култура-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.




