После пет децении, жителите на улиците ,,Тоне Томшиќ”, ,,Мишко Михајловски” и ,,Дичо Петров” добиваат целосно реконструирани улици, истакна при денешниот увид во завршните градежни активности на посочените улици градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Заблагодарувајќи им се на жителите за трпението додека се асфалтираше, тој ја потенцираше важноста на овие сообраќајници и наведе дека овој зафат беше еден од најбараните од страна на жителите и токму затоа, беше и еден од приоритетните за локалната самоуправа.
Денес временските услови беа на наша страна и дозволија да го затвориме и овој дел од урбаниот дел на Кисела Вода.
Низ комуникација со жителите, бидејќи тоа е единствениот начин на кој јас и мојот тим функционираме, беше кажано дека речиси 50 години никој не се решил да го среди и овој дел од артериите на Кисела Вода.
Се работи за улици кои се многу важни, улици кои досега значеше голгота секое поминување по нив.
Како жител на Кисела Вода пред сѐ, решивме да го промениме тоа досега познато лажно ветување и конечно да ставиме крај на грдиот лик во урбаната ни Кисела Вода.
Од денес овие 3 улици имаат нов асфалт, од денес жителите ќе можат непречено и без нервоза да ги извршуваат своите секојдневни активности.
Јас сакам од срце да му се заблагодарам на мојот народ за трпението во изминатиов период додека се одвиваа градежните работи.
Во наредниот период ќе ги затвориме сите позиции и со Господ напред од пролет продолжуваме со новите предизвици.
А нашиот предизвик е модерна Кисела Вода, токму таква каква што моите сограѓани ја заслужуваат-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.