Search
Close this search box.

Часот на планетата Земја одбележан и во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода се вклучи во одбележувањето на Часот на планетата Земја кој во Македонија  се случува по петти пат. Во точно 20часот и 30 минути, едновремено со други 8000 места ширум светот, во времетраење од еден час беше исклучено осветлувањето на три локации низ општина Кисела Вода.

Во паркот Шопен, во населбата 11 Октомври-Згради, силна порака за зачувување на Земјата преку штедење на електричната енергија упатија  ученици од ОУ “Невена Георгиева Дуња”, активисти на Црвениот Крст од Кисела Вода и граѓани кои ја поддржаа акцијата. Со запалени свеќи го формираа симболот 60+ што означува шеесетминутно штедење на енергетските ресурси и заштита од климатските промени.

 На милионите луѓе ширум светот кои го прифатија овој еколошки предизвик им се придружија и учениците од ОУ “Рајко Жинзифов”и ОУ “Кузман Шапкарев”. Со свеќи во рацете, во Паркот на бранителите во населба Драчево, го дадоа својот придонес за планетата Земја.

 

 

Во мрак потона и верско-рекреативен локалитет Три Круши во село Драчево. Учениците од ОУ “Св. Климент Охридски” оттука ја пратија својата порака за подигнување на свеста во однос на штедењето на енергетските ресурси.

 

 Акцијата ја поддржаа и голем број на жители на општина Кисела Вода кои ги изгаснаа светилките во своите домови.

 

Јубилејното петто одбележување на Часот на Планетата земја во Македонија , кое е прво за општина Кисела Вода, е најмасовното досега. Го поддржаа повеќе скопски општини, градот Скопје, општините Охрид и Прилеп, огромен број на граѓани и компании. Едновремено,се одбележа и во Париз, Лондон, Виена, Сиднеј… Поддржано е од организацијата WWF (World Wildlife Fund).

Денот на планетата Земја започна во САД по инцијатива на сенаторот Гејлорд Нелсон, по што стана глобална акција. За прв пат е одбележан во 1970 -та година.

 Годинава, под мотото „Искористете ја Вашата моќност денеска, исклучете ги светилките, време е Планетата Земја да светне“, учество зедоа 154 држави ширум светот.

Споделете:

Scroll to Top