Search
Close this search box.

Честит 8 Март!

Општина Кисела Вода на сите жени им го честита 8 Март, меѓународниот ден на жената, преку кој се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. На овој ден се сеќаваме на почетокот на движењето за поддршка на правата на жените и даваме поддршка за нивното учество во донесувањето одлуки во општественото живеење. Овој ден е и ден за споменување на храброста и одлучноста на многу, навидум, обични жени кои одиграле извонредна и несекојдневна улога во глобалната историја.

 Нека ни е честит!!!

Споделете:

Scroll to Top