Шаховскиот клуб БМ Кисела Вода стана нов член на Екипното првенство на Македонија за 2018 година.
На ова шаховско првенство за екипата од Кисела Вода се натпреваруваa познатите македонски шахисти Роландо Кутиров, Сашо Симјановски, Влатко Петковски, Илија Стошевски, Бранко Пауновски и Миле Буковски.
Имено, клубот БМ Кисела Вода формиран е во 1974 година, од тогаш па се досега има учествувано на повеќе домашни и меѓународни натпреварувања. Од 1998 година па се до 2002 година шаховскиот клуб од Кисела Вода беше шампион на Македонија. Додека, во 2002 година на Купот на Македонија го освои шестото место.
Воедно, ШК БМ Кисела Вода неодамна доби материјална поддршка од Општина Кисела Вода.