Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на акцијата за садасување на дрвца-чинари во ООУ „Кузман Шапкарев“, како дел од големата еколошка иницијатива што општината ја спроведува во сите училишта и градинки. Оваа акција се реализира со поддршка на Канцеларијата за проектни услуги во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, финансиран од Европската Унија, која ги донираше садниците.

-Засадувањето на секое дрвце е инвестиција во иднината на нашите деца. Како општина, континуирано работиме на подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина. Оваа донација е особено значајна бидејќи се насочува токму кон училиштата и градинките – местата каде нашите деца растат и се образуваат. Покрај бројните акции за пошумување, во сите училишта поставивме прочистувачи на воздух, а во поголемите паркови на отворено – надворешни пречистувачи, достапни за сите граѓани. Нашата заложба за чиста и здрава животна средина нема да запре овде. Продолжуваме со реализација на еколошки проекти кои ќе донесат подобри услови за сите жители на Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, изразувајќи голема благодарност до Европската Унија и Канцеларијата за проектни услуги за донацијата и поддршката на иницијативата.-Овој проект е уште еден доказ дека споделуваме исти вредности – грижа за околината и за здравјето на идните генерации. Благодарност до сите што придонесуваат за оваа благородна цел. Заедно создаваме почиста, позелена и поздрава Кисела Вода-додаде Ѓорѓиевски.