Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски на средба со Шабан Салиу: Унапредување на човековите права и секојдневието на Ромите, е наш приоритет

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денес оствари работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, на која една од клучните теми беше реализирање на идни капитални и инфраструктурни проекти низ државата, особено во населените места каде што живее ромско население.
Ѓорѓиевски истакна и дека неговите заложби за унапредување на човековите права и подобро секојдневие на сите граѓани во Македонија, со несмалено темпо ќе продолжат и во иднина.

Денес, во просториите на Владата на Република Македонија остварив работна средба со министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу. Она што беше тема на оваа средба со почитуваниот министер, е досегашните имплементирани мерки и проекти, но и идни реализации на капитални и инфраструктурни зафати насекаде во Република Македонија, со акцент на населените места каде што живее ромско население. Ги истакнавме и нашите заеднички заложби за унапредување на човековите права, но и за подобрување на секојдневието на сите категории граѓани, особено на Ромите на целата територија на Република Македонија. Во иднина, будно ќе ја следиме имплементацијата на активностите што ќе бидат спроведени од страна на локалните самоуправи и ќе се заложиме за уште поголемо унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија. – изјави Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top